Градежната компанија Саник Инженеринг, генерален спонзор на Рико кој заедно рака под рака нижат големи успеси
На колку години појавивте љубов за тркачкиот спорт и кој се почетоците?
Љубовта кон возењето почнуваат од 6та година кога првпат го почувствував адреналинот на картингот, адреналин од кој станав зависен до ден денска. Денот ми почнуваше и завршуваше со картингот и страста кон брзото возење. Бев мал навистина, едвај ми допираа нозете на педалите, сонував да пораснам и да се разбудам токму сега каде што сум.
Кој се вашите успеси во картингот?
Љубовта кон картингот е движечката сила на секој тренинг, но крунисувањето на секој напор со одреден успех е само „шлагот“ на доживувањето. Зад мене има помали и поголеми успеси кои се трудам да ги надополнувам. Ако треба да направам избор на успеси би ги издвоил следните:
- 2 пат шампион на мини класа;
- 2 пати шампион на Србија и Црна Гора мини класа;
- 2 пати вицешампион на Бугарија во мини класа;
- 2006-шампион на Југоисточна Европа зона класа мини;
- 2007-третопласиран во Југоисточна Европа зона класа мини;
- 2008 Шампион на Југоисточна Европа зона класа – kf3;
- 2009 – единствен учесник од Балканот на светски куп во „Sarno“ (Иалија).
Упорноста и истрајноста во секојдневните тренинзи во картинг клубот ме донесоа до меѓународни титули двапати шампион на југоисточна европска зона, еднаш вицешампион, два пати вицешампион во Бугарија, како и шампион на Србија и Црна Гора како и шампион во Македонија.
За Вас кој е најдобар директен пласман?
Во 2009 година нa патеката „Sarno“ (Иалија) каде од вкупно 80 возачи во класата kf3 имав директен пласман во финалето на 35 возачи, поддршка на пласманот беше и титулата Југоисточна Европска зона, поради која немаше потреба да возам баражи. На трката се натпреварував со сегашните возачи на Формула 1: Piere Gasly, Danil Kvyat, Carlos Sainz. Трката ја започнав на трето место на стартната листа. Трката сама по себе беше возбудлива и за мене претставуваше голем престиж да влезам на стаза со сите овие имиња, но поради дефектите на стартот завршив на 21 во место од можни 35.
Сега се натпреварувате во Порше Карера Купт, кое е вашето досегашно најдобро време?
Највисокиот престиж во автомобилските трки е токму да бидеш дел од Порше купот. Во досегашните натпревари во Купот највисоко освоено место е 7ми пласиран на патеката во “Misano” во Италија. Но тука не застанувам, ова е само почеток со добар резултат, добрите резултати се пред мене.
Која е релацијата со САНИК, градежната компанија?
Саник Инженеринг е градежна компанија која ме следи уште од моите почетоци. Компанијата постои повеќе од 14 години, и тие, исто како и јас, континуирано работи на подобрувањето на својот квалитет преку употреба на најсовремени алатки и следење на светските трендови. Она што најмногу ми се допаѓа кај нив е уникатниот начин на работа кој вклучува искуство, квалитет, одговорност и иновативност, фокусирани се кон едноставни и практични архитектонски решенија, да создадат урбани и функционални станбени и деловни простории со уникатен дизајн. И секако уште еден атрибут е и брзината на градба. Мојот дом е САНИК дом!
Што прави Рико во слободно време?
Мојата „професија“ бара голема дисциплина и упорност. Секојдневно тренирам со симулатор, на кој ги учам патеките и вежбам концентрација. Но покрај спортот, вработен сум во семејната компанија каде имам многу работни ангажмани и обврски. Остатокот од денот и времето ми е скромно поделено на моето друштво и патувањата со мојата девојка Сара, која е моја голем љубов како и голема поддршка, верен страстен навивач и фитнес партнер.
Со кој се поистоветува Рико?
Фернандо Алонсо кој возеше на стазите на Формула1. Со задоволство го очекувам неговото повторно враќање во следната сезона. Навистина има што да покаже и има што да се научи од еден ваков доем во тркачкиот спорт.
Кои се плановите во иднина, каде се гледаш?
Иднината е далечна за планирање…. се смее Рико. Прво ја планирам 2021година за која напорно работам и тренирам да го освојам Шампионатот на Порше Карера Купот во Италија. Тоа е пласман во првите 6 краен шампионат, а зошто и не шампион. Исто така, со мојот тим и тренери веќе ја планираме 2022 за светскиот супер куп – Порше Супер Куп, за кој се надевам дека ќе успеам да направам одлични резултати, но тука исто така се важни и играат голема улога спонзорствата бидејќи оваа е една од најскапите спортови. Но мојата упорност и борба ме уверуваат дека ќе стигнам до шампионатот кој е во највисок ранг во светот, тоа е шампионат пред формула1. Навистина е престиж и задоволство да сум дел од најпрестижните возачи и горд Македонец кој би се нашол меѓу најразвиените земји кои имаат традиција во овој спорт. Ние како млада држава навистина е тешко да дојдеш до овој престиж.
Следете ги успесите на Рико преку неговите социјални медиуми, https://www.instagram.com/risto_vukov_riko/
Интервјуто е обезбедено од Саник Инженеринг.