Саник

Здраво! Kако може да ви помогнеме?

Со одбирање на кат можете да ги погледнете слободните,продадените и резервираните станови поединечно
https://sanik.com.mk/wp-content/uploads/2021/11/invicta-mapa.jpg

SKOPJE RIVERSIDE УНИКАТНА ВИЗИЈА ЗА ДОМУВАЊЕ

SKOPJE RIVERSIDE, сместен покрај кејот на реката Вардар, е модерен комплекс којшто носи комплетна трансформација на овој дел од градот. Ново урбано место во кое се наоѓаат четири станбени единици, два деловни објекта и сопствена катна гаража. Проектиран по најсовремени архитектонски решенија кои ќе овозможат вашиот живот да добие нова димензија на префинетост и ексклузивност. На своите идни станари ќе им овозможи комфорно, удобно и сигурно место за живот.
Одлична поврзаност со непосредното опкружување и со останатите делови на градот, полесен и поефикасен сообраќај преку мостот Михајло Апостолски, лоциран на булевар АСНОМ. Овој мост претставува модерно решение и изграден по сите стандарди. Со своите шест коловозни ленти и нови автобуски линии го прави сообраќајот да циркулира побрзо. Дополнително, за сите станари на SKOPJE RIVERSIDE клучна предност е близината на пешачките и велосипедските патеки на само неколку метри од вашиот дом, на самиот кеј на реката Вардар. Урбано уреден со јавно шеталиште од едната страна, преку мостот Михајло Апостолски се поврзувате со паркот на езерата, спортскиот комплекс Јане Сандански, хотел Русија, бројни ресторани, кафетерии, супермаркети, шопинг центри, детски градинки, училишта. Во непосредна близина се наоѓаат East Gate Mall, универзитети, болници, гастрономски и други забавни објекти.

Сите права задржани ,Copyright 2019 SANIK INZENERING DOOEL. design by kreatika.mk