ВАШАТА СЛИКА ЗА СОВРШЕН ДОМ НА ЧЕКОР ОД ПРИРОДАТА
Би сакале ли секојдневното утринско кафе да го пиете во природно опкружување? Би сакале ли секоја прошетка во вашето маало да биде прошетка во природа? Би сакале ли навечер да ја слушате тишината без никој да ја нарушува? Би сакале ли отворениот прозорец во вашиот дом да биде ароматизер со прекрасни планински мириси? Би сакале ли сето ова погоре да е на само 10 мин од центарот на градот? Ако Вашиот одговор на овие прашања е ДА, тогаш С-Блок е токму она што го посакувате.
С-Блок нуди уникатна можност градското сивило да го замените со преубаво природно опкружување. Овој станбен објект претставува прекрасен избор за Вашиот нов дом. Решенијата на нашиот професионален тим од архитекти се карактеризираат со совршена функционо – просторна распределба во сите станбени единици. Од друга страна пак, високото ниво на квалитет на сите материјали користени при изградбата, го елминираат дури и најмалиот сомнеж дека ова е идеалниот избор за Вашиот нов дом.