Есенските денови не асоцираат на топол дом, време поминато со семејството, пријатна атмосфера, вкусна храна , гледање на филмови…
Станбените единици на Саник се создадени да ги задоволат сите ваши потреби.Тие се место каде секојдневно ќе создавате спомени и среќни мигови. Затоа се одлучивме да ви дадеме неколку идеи и предлози за тоа како лесно и едноставно да го внесете мирисот и боите на есента во Вашиот нов дом.
Есенските денови не асоцираат на топол дом, време поминато со семејството, пријатна атмосфера, вкусна храна , гледање на филмови…време за шоља топол чај, време кое не потсетува на меките џемпери што ги плетеа нашите баби, време кога се мириса на печена тиква, јаболка и цимет.
Новиот дом прилагодете го според боите на есента .За да го уредите вашиот нов дом оваа есен наш предлог се монохроматските бои кои се најпопуларни, одберете темноцрвена, односно бордо боја, која се поврзува со страст, задоволство и самодоверба.
Нема да погрешите доколку ја одберете најпосакуваната комбинацијата со сива или беж боја, па поиграјте си со контрасите на деталите во вашиот дом. Направете ги деталите повпечатливи. Неутралната нијасна на бежот се поврзува со смиреноста и е идеална комбинација за сите што ги сакаат неутралните бои и есенската маланхолија.
На крајот не ја изоставајте типично есенската комбинација на портокалово со сите нејзини нијанси, почнувајќи од темнопортокаловите па се до црвено – жолтите нијанси.Ваквата боја ќе внесе свежина во вашиот дом и совршено ќе се вклопи со неутралните тонови.
Кога ќе го направите вистинскиот избор и ќе го одберете вашиот дом во некој од објектите на Саник создадени за модерно и комфорно домување Ви останува само безгрижно да ја пуштите есента да влезе во вашиот дом и да уживате во амбиентот.