Саник

Здраво! Kако може да ви помогнеме?

архитектураДомување инспирирано од природата

мај 20, 2021
https://sanik.com.mk/wp-content/uploads/2021/05/Picture1.jpg

Дали се сметате за личност која ужива во убавините на природата?  Престојувањето во природа не е само добар начин да уживате во слободното време. Многу истражувања покажуваат дека поминатото време во природа може да го подобри вашето здравје со што ќе се чуствувате попријатно и порасположено. Поминувањето време во природата помага во зајакнување на имунитетеот на децата а кај возрасните го подобрува сонот. Изложувањето на свеж воздух и прошетките во природа се одлични за стимулирање на креативното размислување и ве поттикнуваат полесно да ги решите вашите проблеми, а вежбањето во природа ни изгледа полесно и позабавно. За крај, истражувањата покажале дека живеењето блиску до природата го продолжува животот. При осмислувањето на нашите проекти и при изборот на локација се водиме од најчестите побарување на нашите клиенти, а нашиот нов проект С – Блок, сместен во еден од најубавите делови на нашиот град, Ви овозможува избор на дом и живеење на чекор  од природата. За негова изградба се применуваат најсовремени архитектонски решенија, беспрекорен квалитет на материјали, безбедност и енергетска ефикасност. Со лесна пристапност до мирното и зелено окружување дефинитивно ги задоволуваме и нај деликатните барање на нашите клиенти и со тоа ја остваруваме идеалната слика на вашиот совршен дом.

Сместен на падините на Водно, живеењето во  С – Блок ви овозможува секогаш да сте на само чекор од природата. Во вашиот нов дом со секое изгрејсонце да го гледате будењето на градот како на дланка и секое утринското кафе ќе го пиете на вашата тераса во природно опкружување, а навечер ќе ја слушате тишината без никој да ја нарушува.

Овој станбен објект претставува прекрасен избор на нов дом за вас и вашето семејство. Решенијата на нашиот професионален тим на архитекти се карактеризираат со совршена функционо – просторна распределба во сите станбени единици. Од друга страна пак, високото ниво на квалитет на сите материјали користени при изградбата, го елиминираат дури и најмалиот сомнеж дека ова е идеалниот избор за вас.

Широкиот спектар на станови со различни квадратури нуди голем избор, а воедно и можност за задоволување на сечии желби и потреби. Одберете дом со прекрасен зелен простор пред себе, приватност и панорамски поглед кон градот, или дом каде природното зеленило на планината ќе ви биде на дофат, а градскиот смог го ќе замените со мирисот на природата.

За да живееме среќен и исполнет живот практикувајте почесто да бидете едно со природата. Бидете блиску до дрвјата, водата, сонцето. Останете во непрекинат контакт со дел од природата барем на кратко, секој ден. Користа од овој контакт е непроценлива, и влијанието од оваа природна средба е над она што современиот човек може да го замисли.

ЗА НАС
Саник е компанија која нуди поинаква визија при создавањето и изборот на вашиот нов дом.Со своето 14 годишно искуство до денес постојано го подобруваме својот квалитет преку примена на најсовремени алатки и следење на светските трендови за урбано живеење...
САНИК НА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Subscribe

Stay up to date