Ако 2022рата беше година инспирирана од боите на природата, 2023та е година на сомоизразувањето. Водени од фактот и свесноста за тоа колку околината има големо влијание на нашето целокупно ментално здравје, голем број од експертите за внатрешно уредување решија преку бои да ја изразуваат својата креативност при уредувањето на домот.Со помош на боите во домот се зголемува чувството на среќа и благосостојба, задоволство и самодоверба.
Станбените единици на Саник се создадени да ги задоволат сите ваши потреби.Тие се место каде секојдневно ќе создавате спомени и среќни мигови. Затоа се одлучивме да ви дадеме неколку идеи и предлози за тоа како лесно и едноставно да го внесете мирисот и боите на есента во Вашиот нов дом.
Есенските денови не асоцираат на топол дом, време поминато со семејството, пријатна атмосфера, вкусна храна , гледање на филмови…За да го уредите вашиот нов дом оваа есен наш предлог се боите кои се предложени од експертите за внатрешно уредување и производителите на бои.За оваа есен во вашиот нов дом одберете розеникаво црвена-вива магента,светло зелена-савана грин, секако не ја заборавајте кафената боја, црвената и портокаловата- raspberry blush и светло сината.
Бојата која ќе доминира е вива магента, уникатна нијанса која прави баланс помеѓу топлите и ладните тонови.Оваа боја не е ни црвена ни розева, за неа велат дека е забавна и весела.Со светло зелената или савана грин може да обоите некој ѕид, со што ќе создадете смел и енергичен простор,Студената сива заменете ја со кафена боја која наликува на различни нијанси на дрво.Со оваа боја се смета дека ќе бидете повеќе поврзани со природниот свет.Оваа боја овозможува просторот во вашиот нов дом да го чувстувате топол и удобен.Вметнете детали на портокалова и црвена, боја која оваа година доби ново име raspberry blush и така додајте повеќе енергија со што ќе си го подобрите вашето секојдневно расположение во вашиот нов дом. Доколку сакате да го освежите и смирите вашиот дом со некое парче на мебел, истото нека биде во сина боја и тоа онаа деликатна нијанса на сино skylight
Ви останува само безгрижно да ја пуштите есента да влезе во вашиот дом и да уживате во амбиентот.