Саник

Здраво! Kако може да ви помогнеме?

архитектураЗошто Вашиот нов дом да биде во „ALLURE COMPLEX“?

јули 21, 2020
https://sanik.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/allure-complex-map-1280x827.jpg

Потрагата по нов дом е вистински предизвик, и е една од најзначајните инвестициски одлуки. Место кое ќе Ви обезбеди безгрижно и удобно секојдневие Вам и на Вашето семејство.

Сместен е на најатрактивна локација во населба Влае, во непосредна близина до центри, маркети, образовни установи, развиена инфраструктура и сообраќајна поврзаност. Изобилува со зелени површини, паркови и плоштад каде што ќе може да уживате и да се релаксирате.

Станбениот комплекс располага со станови од 34 m2 до 85m2 и нуди урбан стил на живеење.

При изведбата, користени се исклучиво високо квалитетни материјали од реномирани производители, додека фасадата на комплексот задоволува А-стандард за енергетска ефиксност.

Атрактивниот ентериер и мирното опкружување со многу зеленило во комбинација со врвните материјали кои се користени ја издигнуваат ALLURE COMPLEX на врвот на Вашите желби при избор на Вашиот нов дом.

Комплексот располага со подземен паркинг, како и паркинг места на ниво на терен со вкупно 148 паркинг позиции.Ваквото решение при секојдневното паркирање ги ослободува станарите од секојдневниот стрес.

Уживајте во сите придобивки што ви ги овозможува Allure complex со одлични услови за квалитетно и економично домување.

ЗА НАС
Саник е компанија која нуди поинаква визија при создавањето и изборот на вашиот нов дом.Со своето 14 годишно искуство до денес постојано го подобруваме својот квалитет преку примена на најсовремени алатки и следење на светските трендови за урбано живеење...
САНИК НА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Subscribe

Stay up to date