Летните температури се на повидок, време е да започнете со уредување на вашата тераса. Ви недостасуваат интересни идеи или едноставно не знаете од каде да започнете. Откријте на што треба да обрнете внимание, и со неколку промени направете ја вашата тераса место од кое нема да сакате да си заминете.
Нашиот тим од професионалци во Саник ви предлага секогаш пред да го украсите ентериерот, вклучително и надворешноста, треба внимателно да ги испланирате сите можности особено оние што најмногу ги сакате, за да знаете како да ја изберете најдобрата опција која ќе биде плод не само на вашите емоции, туку исто така и на рационалност. Така е и со терасите – колку и да изгледаат спонтано, важно е да размислите пред да опремите кои се најдобрите опции со оглед на нејзината големина, позиција, но и вашите животни навики и потреби.
Започнете од местото за седење, доколку немате простор за удобна голема софа, доволно е да имате една или две фотелји со табуретка на која ќе можете да одморите. Не ги заборавајте меките и шарени перници кои додаваат екстра комфор и правата иделана атмосфера за да седнете со шолја чај или кафе додека ја читате омилената книга.
Потоа следуваат додатоците и осветлувањето. Внимателно одбраните аксесоари и осветлувањето ќе го дефинираат карактерот на терасата. Кога планирате зелен агол со различни цвеќиња, ќе наидете на голем избор на саксии од различен материјали, па одберете го оној кој најмногу ви одговара. Исто така многу популарни се саксиите кои висат на оградата и не заземаат простор. Кога ќе дојдете до изборот на осветлување одвојте малку време и пронајдете ги соодветните светилки, а вистински хит оваа сезона се оние во вид на лампиони, висечки кои придонесуваат кон една убава атмосфера кога ќе зајде сонцето. Доколку се чувствувате романтично, може да додадете и свеќи низ просторот.