Саник

Здраво! Kако може да ви помогнеме?

архитектураИ ВО ЛЕТО, УДОБНОСТ ВО ВАШИОТ ДОМ

август 4, 2023
https://sanik.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/Dnevna-tip-2-k-RT--1280x674.jpg

Лето, период од годината за опуштање, кога одиме на патувања, летни одмори на монденски и убави туристички места и прекрасни плажи. Прашањето е што да направиме во периодот кога сме дома и кога градските температури се премногу високи и опасни за нашето здравје. Исклучително треба да бидете внимателни при екстремно високите температури бидејќи тие можат да бидат фатални за вас и вашето здравје. Често слушаме препораки да не го напуштате домот во најтоплите часови во текот на  денот, да пиете доволно течности и да се грижите за вашето здравје? Одлично, но дали знаете како да го разладите вашиот дом?

           

Доаѓањето на летните денови само посебе значи и пристигнување на поголеми сметки за електрична енергија поради употреба на уреди за ладење. Доколку сте еден од оние кои ќе останаат во своите домови ова лето ви предлагаме  совети како да се спасите од нив. Со неколку совети за попријатен дом, ќе ви помогнеме  да научите да ги контролирате и температурата и потрошувачката на електрична енергија во текот на летните месеци и ќе ве запознаеме со долгорочните придобивки со купување на нов дом во некој од објектите Саник.Затворете ги завесите и ролетните. Држете ги завесите и ролетните затворени во текот на денот за да ги блокирате сончевите зраци. Наутро, штом зраците на сончевата светлина влезат во вашиот дом, затворете ги сите прозорци, оставете додека не падне ноќта и воздухот е доволно ладен за да ги отворите прозорците повторно ноќе.Нека ви бидат отворете сите врати помеѓу просториите во станот. Правилно користете го вашиот систем за ладење,клима уредот.За да добиете подобра ефикасност на вашиот клима уред ако имате за цел максимална разлика во температурата (температурна разлика во и надвор од домот) од околу 8 °С. Значи, на ден кога е 32 °C, поставете го климатизерот на максимум 24 °C. Во жешките денови, повеќето луѓе сепак ќе сакаат поладна температура, но за максимална енергетска ефикасност, обидете се да не ја надминувате препорачаната разлика. Вашиот клима уред ќе биде поефикасен и ќе трае подолго ако обрнете малку внимание и грижа на тоа, како што е чистење на филтерот и покривање на надворешниот мотор.
За време на топлите месеци, отстранете ги теписите, особено ако се крзнени.
Повеќе природни цвеќиња. Природните цвеќиња даваат многу придобивки меѓу нив и во разладување на просторијата во која престојувате, тие се многу важни затоа што произведуваат кислород, ги отстранува непријатните мириси, па затоа и воздухот ќе биде почист.

Со правилен избор избор на нов дом во објектите на Саник купувачите добиваат дом со енергетски ефикасните објекти од А стандард за енергетска ефикасност. Тоа значи дека ќе имате пониски сметки за греење и ладење во текот на целата година, поголема заштеда, како и пријатна и здрава средина за живеење. Сето ова го постигнуваме со помош на внимателно испланираниот систем за градба, во кој спаѓаат само првокласни материјали, од реномирани производители и високо ефикасните топлински пумпи. Тие овозможуваат сигурна заштеда на енергија за греење и ладење, но и можност сами да ја контролирате идеалната температура во текот на годината. Топлинските пумпи вклучуваат уреди кои спаѓаат во енергетските класи А+ и А++, со што се овозможува максимално намалување на потрошувачката на електрична енергија во вашиот дом.

Одберете нов дом на некоја од нашите локации и безгрижно уживајте во летото.

ЗА НАС
Саник е компанија која нуди поинаква визија при создавањето и изборот на вашиот нов дом.Со своето 14 годишно искуство до денес постојано го подобруваме својот квалитет преку примена на најсовремени алатки и следење на светските трендови за урбано живеење...
САНИК НА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Subscribe

Stay up to date

| 076 458 081