Саник

Здраво! Kако може да ви помогнеме?

архитектураМодерно и комфорно домување

ноември 11, 2020
https://sanik.com.mk/wp-content/uploads/2020/11/16.jpg

Изборот на сопствен дом подразбира избор на простор кој ќе ги задоволува Вашите потреби, ќе го одсликува вашиот карактер. Домот е место кој ви го овозможува  потребниот мир. Место каде ќе минувате време со вашите најблиски, место кое секојдневно ќе го исполнувате со спомени и среќни мигови. Место кое ќе остави трајни вредности за генерациите после вас 

Нашиот тим составен од врвни професионалци искреира  токму такво место. Тоа е нашиот Allure Complex. Во него има станови со различни квадратури и функционален распоред за сечиј вкус. Денес Ви ги претставуваме становите во станбениот објект Allure Complex со 2 спални и идеална квадратура од 62м2 до 65м2 со различна ориентираност.

При осмислување на станбените едници секогаш се стремиме кон нивна максимална искористеност, со што добивате простор кој воедно нуди врвен комфор и одлична функционалност.  Уживајте во широкиот избор на станови во Allure Complex кој овозможува посебно катче во домот за секој член од семејството.

Сместен е на најатрактивна локација во населба Влае, во непосредна близина до центри, маркети, образовни установи, развиена инфраструктура и сообраќајна поврзаност. Изобилува со зелени површини, паркови и плоштад каде што ќе може да уживате и да се релаксирате.

Комплексот располага со подземен паркинг, како и паркинг места на ниво на терен со вкупно 148 паркинг позиции.Ваквото решение при секојдневното паркирање ги ослободува станарите од секојдневниот стрес.

Професиoналните архитектонски решенија кои овоможуваат беспрекорна функционалност на станбените единици, како и високо квалитетните материјали при изградбата ја презентираат ALLURE COMPLEX како мудар избор за вашата идна инвестициска одлука.

ЗА НАС
Саник е компанија која нуди поинаква визија при создавањето и изборот на вашиот нов дом.Со своето 14 годишно искуство до денес постојано го подобруваме својот квалитет преку примена на најсовремени алатки и следење на светските трендови за урбано живеење...
САНИК НА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Subscribe

Stay up to date