Една од најважните, одлуки пред кој се наоѓа секој од нас барем еднаш во животот е купувањето стан. Вложувањето во недвижности, особено во станови и деловен простор е еден од најсигурните начини да се зачува вредноста на парите.
Недвижниот имот е генерално одличен избор за инвестирање. Може да генерира постојан пасивен приход и со тоа може да биде добра долгорочна инвестиција доколку вредноста се зголеми со текот на времето. Инвестицијата во недвижности дефинитивно можете да ја користите како дел од вашата целокупна стратегија за започнување на градење на финансиски стабилен живот. Компанијата Саник 15 години е посветена на креирање и создавање на урбани и функционални станбени и деловни простори со уникатен дизајн кој се идеална можност за сигурна и долгорочна инвестиција.
Купената недвижност е најцврстата валута во секое време велат аналитичарите на пазарот на недвижности. Орочените пари во банките со сегашните каматни стапки не може на долг рок да ја зголемат својата вредност, како капиталот преточен во недвижност. При изведбата на становите на Саник, целото внимание се насочува кон квалитетот на материјалите што Ве осигурува дека Вашиот нов дом има дополнителна вредност во однос на други објекти.
Според направените анализи, инвестицијата на вашиот нов дом во просек се враќа за помалку од 20 години.
Недвижностите може да ви носат и солидни месечни приходи бидејќи може да се изнајмуваат, ова особено важи за становите и деловните простории на атрактивните локации, а со оглед на постојаната побарувачка тие секогаш можат и да се продадат по одлична цена. Станбените објекти на Саник се изградени на аткративни локации во непосредна близина на трговски центри, маркети и образовни институции ( уличишта и градинки ) ,паркови, забавни центри…
Нашиот тим составен од професионални и искусни архитекти при осмислувањето на објектите секогаш е инспириран и ги става во фокус желбите и потребите на купувачите. Тие со својата иновативност и дизајн ве приближуваат кон светските модерни и функционални домови. Следете ја нашата компанија, погледнете ги тековните понуди и идните проекти на станбени едници и инвестирајте во трајни вредности за вашите идни генерации.