Потрагата по нов дом е една од најзначајните инвестициски одлуки. При купувањето на нов дом треба да одберете недвижност по ваша мерка. Саник е посветен на креирање и создавање на урбани и функционални станбени и деловни простори со уникатен дизајн… Нашата компанија вработува врвни архитекти и инженери кои постојано ги следат светските трендови во градежништвото и архитектурата. При осмислувањето на објектите и станбените единици тие секогаш се инспирираат и ги става во фокус желбите и потребите на купувачите. Тие со својата иновативност и дизајн ве приближуваат кон светските модерни и функционални домови.Еден таков тренд е и концептот на отворена кујна, кој ви овозможува простор за живеење кој одговара на секојдневните ваши потреби.Терасите се составен дел , кој овозможуваат изобилство на дневна светлина и свеж воздух, како и поглед кон некое инспиративно окружување.Спалните се пространи и комотни со квадратура која ќе ви овозможи вистински мир, одмор и опуштање, а дневниот простор место за семејни дружби и муабети.
.
За да го збогатиме вашето секојдневие објектите ги градиме на локации кои се креирани да ги задоволат потребите на вашиот семеен живот, со бројни образовни и културни содржини. Во близина на вашиот дом ќе наидете на училишта, детски градинки, бројни игралишта и спортски сали, маркети, ресторани, кафулиња и шопинг центри.Предноста ќе ја почувствувате во заштеда на време за организирање на вашите секојдневни активности.
При изведбата, користиме исклучиво високо квалитетни материјали од реномирани производители, додека фасадата задоволува А-стандард за енергетска ефикасност.
Сите наши објекти располагаат со сопствени паркинг места, со што се намалува вашиот секојдневниот стрес за паркирањето на вашето возило.
Зад себе имаме многу успешни проекти со голем број на задоволни купувачи кај кои влеавме доверба, безбедност и создадовме трајни вредности за идните генерации.