Новата година носи и нови идеи за промена на просторот во кој живееме. По изминатава 2020 година во која главно времето го минувавме дома кај голем дел од нас се јавува потреба од промена барем на деталите во просторот. Без разлика дали сте решени да го реновирате домот во кој живеете или да уредите нов стан кој планирате да го купите, дизајнерите велат дека трендовите за 2021 се неутрални бои и шарени детали. Доколку се решите за нов стан од Саник годинава бидете подготвени за урбан дом во прекрасно опкружување.
Дизајнерите велат дека неутралните нијанси се потребни за нагласување на елементите во просторот. Во следната сезона, експертите предвидуваат посебна популарност на пастелна жолта боја на лешник и ментол.
Од шарените детали архитектите велат дека дневната соба можете да ја освежите со додавање на шарен тапет и да користите мебел кој може да се трансформира и да биде мултифункционален. Истото може да го направите и со спалните соби , но и со бањите каде наместо тапет може да ставите шарени плочки.
Она што исто така се нуди какао тренд за 2021 е и бојата на морскиот бран и смарагдната. За љубителите на класиката комбинацијата на дрво, бел под и керамички цигли е идеална за збогатување на ентериерот.
Дизајнерите предлагаат зеленилото годинава да биде обавезен дел од енериерот на секој стан. Ѕидни икебани, кактуси но и бршлени се само дел од нивниот предлог за 2021.
Ако веќе планирате да купите и нов мебел за дневната соба внимавајте со софата. Најпрво размислете дали ви треба софа за повремено спиење или само за седење. Потоа решете го дизајнот и боите на ѕидовите, па потоа одредете ја бојата на софата и останатиот мебел.
Доколку станот е помал треба да изберете посветла, неутрална, софа на која ќе додадете интересни перничиња, а покрај неа може да ставите помошна впечатлива масичка која ќе го оживее просторот. Истото важи и за трпезарискиот дел. За помал стан округла маса со неколку столици за кои дизајнерите велат дека може годинава да бидат во различни бои.
За крај дизајнерите предвидуваат дека ориоритетите кај луѓето се променија, така што веќе не е најважно да купиме нов кармин или торба, кога нема каде да ги користиме. Затоа во иднина ќе се свртиме кон ‘’домашните’’ радости, и повеќе ќе инвестираме во работи како миризливи свеќи, освежувачи на воздухот, меки ќебиња и на тој начин ќе внесеме доза на раскош во животот.
Нова постелнина, необични перници, уникатна ламба или лустер – ќе се насочиме кон вакви маали задоволства.
За каков и тип на уредување на се одлучите годинава тимот на Саник ви посакува успешна и среќна година.