Саник

Здраво! Kако може да ви помогнеме?

архитектураСовршени идеи за внатрешно уредување на вашиот нов дом

септември 9, 2020
https://sanik.com.mk/wp-content/uploads/2020/09/118140238_372358933755883_2294522325525373913_n.jpg

Внатрешниот дизајн претставува максимизирање на визуелен впечаток на затворен простор преку оптимална употреба на бои, материјали, светлина, мебелот кои одлично треба да се вклопат со функционалноста на просторот и создавањето на хармонична атмосфера.

Саник Ви нуди огромен број на станови со различни квадратури кои ќе ги задоволат сите ваши потреби. Инспирирани од најкреативната работа внатрешното уредување на Вашиот нов дом, Ви предлагаме да го прифатете предизвикот и да започнете сами да ја креирате приказната која ќе биде ваше секојдневие.Идеите за внатрешното уредување ги предлагаме посебно на станарите во објектот Квинт апартментс, во населба Тафталиџе кои за многу краток период ќе бидат пред овој предизвик.

Оваа година како хит бои за внатрешно уредување се избрани жолта и сива.

Жолтата е боја на сонцето. Таа се поврзува со радост, среќа, интелект и енергија.

Жолтата боја обезбедува чувство на топлина, чувство на бодрење, ја стимулира менталната активност и создава мускулна енергија. Жолтата боја се користи за да предизвика пријатни и весели чувства. Оваа боја е многу ефикасна за привлекување внимание, па може да се користи за да се потенцираат најважните елементи во дизајнот.

Доколку сакате Вашиот дом да биде модерно и урбано место исполнето со хармонија, среќа, мир и радост, внимателно изберете го секој детаљ.

Инспирирајте се од идеите и предлозите за внатрешно уредување кои Саник ги подготви за да Ви помогне при изборот.

Идеи кои ќе му дадат нов стил на вашиот дом, истовремено овозможувајќи ви да заштедите простор.

Дневната соба е местото во домот каде најдобро можете да го искажете својот стил.

Одберете гарнитура со жолта боја која одлично се вклопува со бојата на ѕидовите и дава длабочина, топлина и светлина во собата.

Одлична комбинација на сива и жолта боја може да употребите во дневниот простор со трпезација. Колку едноставно, а сепак толку совршено и модерно!

Сакате вашата кунја идеално да се вклопи во целиот ентериер и простор?

Нема да погрешите доколку одберете килим со жолта боја и додадете минимални детали кои ќе допринесат во убавината на кујната.

Спалната соба е местото каде што ни започнува и ни завршува денот. Посветете посебно внимание на оваа соба треба да биде исполнета со живост, светлина, веселост и мир.

Вметнеме мали детали од жолтата боја и во вашата спална соба како што се жолто осветлување, перници, постелнина или слики.

Без разлика со колкав простор се соочувате, тајната е во деталите!

Деталите се одличен начин да го поврзете целиот декор во целина. Тие можат да ги доближат сите нешта едни до други и да направат вашиот простор да добие комплетен изглед.

Тоа можете да го добиете на многу лесен начин, односно со табуретка во необична форма или боја, може да е столче со интересно перниче или килим со впечатлива боја, и најбитен детаљ кој ќе му даде посебна убавина и свежина на вашиот дом е цвеќето.

Креативноста нема граници, но сигурно е дека и со малку можете да го постигнете саканиот ефект!

Саник го гради Вашиот нов дом и ви помага при изборот за внатрешното уредување. Совршена комбинација за вистински почеток!

ЗА НАС
Саник е компанија која нуди поинаква визија при создавањето и изборот на вашиот нов дом.Со своето 14 годишно искуство до денес постојано го подобруваме својот квалитет преку примена на најсовремени алатки и следење на светските трендови за урбано живеење...
САНИК НА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Subscribe

Stay up to date