Досегашното искуство на Саник при конципирање и изведба на станбени и деловни објекти со тим составен од професионалци- архитекти,градежни инженери и градежници го преточи Quint Apartments во елегантен и практичен комплекс за домување кој нуди беспрекорен комфор и максимална искористеност на просторот.
Меѓу многубројните придобивки при избор на стан во комплексот е одличната локација во една од најурбаните населби во градот, Тафталиџе со одличен пристап до мноштво инфраструктурни позиции (над 12 градинки,основни и средни училишта; поликлиника Ѓорче Петров; трговски центри и пазари), но сепак во мирно опкружување со многу зеленило.
Благодарение на миинималистичкиот дизајн и уникатното внатрешно уредување на становите, идните станари ќе имаат можност да уживаат во пространоста и максимално искористениот простор на секој метар квадратен на становите.
Комфорот, стабилноста, безбедноста и долговечноста на објектите се гарантирани благодарение на примената на најквалитетните градежни материјали кои се одбрани со многу внимание од најквалитетни и реномирани производители.
Комплексот располага со одлично осмислен паркинг простор.
Комфорот, стабилноста, безбедноста и долговечноста на објектите се гарантирани благодарение на примената на најквалитетните градежни материјали кои се одбрани со многу внимание од реномирани производители.
Доколку сакате да бидете дел од овој комплекс Ви ги претставуваме последните 3 стана за продажба со квадратура од 50 , 59 и 76 м2.
Станот на приземје од 50м2 и дворно место на користење е концепиран да ги задоволи вашите потреби за урбано домување.
Стан 21 на поткровје 59 м2, со одлично искористен простор со 2 спални соби,предпростор, кујна, дневна со трпезарија,бања и балкон.
Стан 20, кат 4 со вкупна квадратура од 76 м2, каде што секој член од вашето семејство ќе има сопствен простор за уживање и релаксација.Овој стан располага со предпростор, 3 спални соби, кујна, дневна со трпезарија, ходник, работна соба, бања и балкон.
Размислувајќи на долг рок, станбениот комплекс ги исполнува најсовремените стандарди за енергетска ефикасност и намалување на трошоците за живеење. Надворешниот дел на комплексот има уникатно уредување збогатено со зеленило кое го краси најубавиот дел на населбата Тафталиџе.