СОВРШЕНА КОМБИНАЦИЈА, ЗА ВИСТИНСКИ ИЗБОР!!
„Веста” е современ станбен објект, со свој специфичен и атрактивен облик. Објектот располага со два влеза опремени со засебни лифтови, што дополнително ја олеснува фреквенцијата на движење. Располага со подземен паркинг на две нивоа до кои одат и лифтовите од двата влеза. На страната каде се позиционирани двата влеза се наоѓа и паркинг на ниво на терен. Филозофијата при осмислувањето на станбените единици е нивната максимална искористеност, со што добивате простор кој воедно нуди врвен комфор и одлична функционалност. При изведбата на становите нашето целосно внимание го насочивме кон квалитетот на материјалите, што Ве осигурува дека Вашиот нов дом има дополнителна вредност во однос на други објекти. Користевме плочки и санитарии со највисоки стандарди, произведени од реномирани европски производители. Во становите вградивме трослоен храстов паркет – таркет, од 100% природно дрво. Прозорите се ПВЦ со пет комори. Фасадата на објектот задоволува А – стандард за енергетска ефикасност.