Саник продолжува со креирање на својата приказна, но дали Вие ја започнавте вашата?
Ви го претставуваме новиот станбен објект Хестиа резиденс кој ќе Ви овозможи современо и комфорно домување!
Сакате да живеете на урбана локација исполнета со разновидни содржини?
Населбата Аеродром е една од најатрактивните локации која нуди вистинско уживање за сечиј вкус. Изобилството од зеленила, паркови, како и места за забава и рекреација ја издвојуваат оваа населба од другите.
Овој станбен објект ќе ги задоволи сите ваши желби и потреби и ќе биде идеално место за живеење.
Време е за испишување на ново поглавје во вашите животи.
Станбените единици на Хестиа резиденс се подготвени да бидат вашата идна животна инспирација.
Изразената функционалност на просторот надополнета со материјали од врвен квалитет Ви овозможуваат без дилема да ја донесете најдобрата одлика при изборот на вашиот иден дом.
Просторот во кој ќе ги доживеете најсреќните мигови со вашите сакани мора да биде совршен, а Саник токму тоа ви го нуди!
Станбениот комплекс е составен од приземје, 8 ката и поткровје.
Големиот избор на станови го дефинираат 9 карактеристични станбени единици со квадратура од 38 м2 до 71 м2.
Објектот е составен од 2 влеза со засебни лифтови и за истите предвидени се повеќе од 120 паркинг позиции.
Креативноста, професионалноста и квалитетот, втемелени во секој детал од становите ја обликуваат идеалната слика на вашиот нов дом.
Сите овие карактеристики се вистински индикатор дека со изборот на стан во Хестиа резиденс правите мудра одлука за Вас и вашето семејство.