Дали сте размислувале за нов дом со помала квадратура, а максимално искористен простор? Секако ДА.
Во дизајнот, како и во животот, поголемо не секогаш значи и поубаво. Доколку сте љубители на едноставноста, а сакате да го извлечете максимумот од својот животен простор, тогаш помалите станови се вистинскиот правец во кој треба да се движите. Додека за одредени луѓе е предизвик и тешка задача да го органзираат домот со малку квадрати, за други токму ограничената површина е поттик да бидат што покреативни, претворајќи го своето мини гнездо во мала, но удобна оаза за живеење. Нашата компанија Саник е посветена на креирање и создавање на урбани и функционални станбени објекти со уникатен дизајн и различни квадратури на станови со цел да се задоволат сите потреби на купувачите со урбан стил на живеење. Нашите објекти Хестиа https://sanik.com.mk/zgrada-hestia-residence/ во населба Аеродром и Аллуре Комплекс https://sanik.com.mk/zgrada-allure-complex/ во населба Влае нудат широк избор на функционални станови со квадратури од 36м2 па се до 49м2. На нашите идни станари на овие прекрасни станови со совршено испланиран и максимално искористен простор, кои го вреднуваат модерниот и удобен начин на живот, каде комфорот е вистински луксуз во брзото живеење во продолжение им предлагаме неколку идеи и трикови за уредување новиот дом.
Зголемете ја светлината. Природната светлина има способност да направи секој простор да се чуствува поотворен и воздушен. Дополнително додадете светли украси за да се дополни чуството на пространост и лесност. Преградите од полици може ефикасно да ги одделат спалната и дневната соба, а сепак да дозволат светлината да пробие во целиот простор.
Завесите и тапетите се многу важен дел од секој стан, а посебно во становите со помала квадратура. Во нив се препорачува користење на храбри завеси, бидејќи во просторот внесуваат шарм, што ја прави атмосферата попријатна.
Ако просторот се збогати и со високи огледала од подот до таванот, ефектите дополнително ќе бидат забележливи а нагласувањето со детали во пастелни бои во станот ќе остават целосен впечаток.
Делот помеѓу дневниот простор и кујната може да се претвори во трпезариски простор, а тоа да ви заштеди неколку драгоцени квадрати
бидејќи максимално ќе ви биде искористен делот од станот кој најчесто нема никаква посебна намена и употреба.
Малиот стан подразбира и мала бања, па еден од најефективните трикови во овој случај е употреба на разнобојни предмети кои ве одвраќаат од помислата дека просторот е мал и прават весела, разиграна атмосфера во просторот кој нема дневна светлина. Најдобро од сè е тоа што за ваквиот трик ви се потребни минимални финансиски средства, а користа е двојна.
Скоро секој предмет во вашиот дом може да се направи попривлечен. Органзиирајте ги вашите книги според големината и бојата, инвестирање во прекрасни корпи за складирање и убави детали на вазни за цвеќе, се лесни начини да се трансформира визуелниот неред во стилски украс.
Нашите агенти за продажба ве очекуваат, одберете нов дом во Саник, искористе дел од идеите за уредување и бидете сигурни дека правите мудра одлука за Вас и вашата иднина..